Прашања и одговори
Отплата на кредити
-
Дали е дозволено продолжување на рокот за отплата на кредит?
Да. Со уплата на провизија за продолжување на рокот за отплата на кредитот, Вие може да ја одложите отплатата на кредитот за 7, 14 или 30 дена. За дополнителни информации поврзани со услугата јавете се на 13 344. Продолжувањето може да го активирате со уплата на провизија за продолжување на рокот за отплата во кеш во некоја од нашите филијали.
Трошоци за продолжување на рокот за отплата на кредитот со еднократна отплата се:
7 дена – 12%
14 дена – 14%
30 дена – 18%
* Провизијата се пресметува соодветно, од преостанатата главница. Во Во рамките на периодот за кој сте уплатиле продолжување, немате никакви дополнителни трошоци за кредитот.
-
Како да го вратам кредитот?
Во некоја од филијалите на Тиго може да го отплатите Вашиот кредит во кеш брзо и едноставно!
Во која било банка на една од сметките:
✔ Комерцијална банка: 300000004979725
✔ Шпаркасе банка Скопје: 250010102485994
✔ Халк банка АД Скопје: 270072297120273
✔ Уни Банка Ад Скопје: 240000118376598
✔ Стопанска Банка Ад Скопје: 200003324420755
✔ НЛБ Банка Ад Скопје: 210072297120169 -
Кога треба да го вратам кредитот?
Кредитот треба да го отплатите во согласнот денот на доспевање предвиден во Договорот за кредитен лимит.
Напомена: Доколку веќе сте корисник на одобрен кредит, информациите поврзани со рокот на отплата можете да ги пронајдете во Вашиот договор.
-
Колку ќе должам на крајниoт рок за отплата на кредитот?
На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите целосниот износ на кредитот којшто е составен од главница и провизија.
-
Дали ќе ми пристигне известување дека ми е отплатен кредитот?
Да, преку смс порака или е-маил ние ќе Ве известиме дека Вие немате повеќе долгови кон Бонго и можете да аплицирате за следен кредит.
Технички прашања
-
Како да се логирам на мојот кориснички профил?
Ако сте веќе постоечки клиент и имате регистиран кориснички профил на нашата веб страна, кликнете на копчето “Најавете се“ во горниот десен агол на почетната страна. По кликањето, потребно е само да внесете Ваш телефонски број и лозинка.
-
Што доколку ја заборавам лозинката на корисничкиот профил?
Доколку сте ја заборавиле лозинката за пристап до Вашиот профил, Ве молиме кликнете на копчето “Најавeте се” во горниот десен агол Мој профил | ФИНМАК ДОО (bongo.mk). Потоа, кликнете најдолу на линкот "Заборавена лозинка". Потребно е да селектирате телефонски број и да го внесете. По внесувањето, кликнете “обнови лозинка”. Ќе добиете смс порака со код (четирицифрен број) за промена на Вашата лозинка кој треба да го внесете. Откако ќе го внесете кодот, веднаш системски ќе ви биде испратен линк на Вашата e-меил адреса. Кликнете го линкот и системот веднаш ќе Ви понуди да креирате Ваша нова лозинка. Новата лозинка ќе треба да содржи 6 или повеќе карактери (со најмалку една буква и еден број). Откако ќе креирате нова лозинка директно ќе бидете префрлени до полето “Најавете се” за да пристапите на Вашиот постоечки профил.
-
Колкави се трошоците за кредит?
За трошоците за кредит со еднократна отплата може да се информирате во Бонго Тарифи или да не контактирате на тел.13 344.
Не заборавајте! Кај нас првиот кредит е бесплатен!
-
Колку ќе должам на крајниoт рок за отплата на кредитот?
На денот на доспевањето на кредитот, Вие сте должни да го вратите целосниот износ на кредитот којшто е составен од главница, провизија и камата.